ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Во Англија не го сакаат, но: Калчо гигантите се тепаат за Мегваер

Филип Здравески
/ 29.05.2023 / 19:42

По сѐ изгледа летово Хари Мегваер ќе мора да го напушти Манчестер Јунајтед, а како негова следна дестинација се издвојува Чизмата.

И покрај тоа што за капитенот на Јунајтед интерес покажува премиерлигашот Вест Хем, британскиот таблоид The Daily Mail тврди дека Хари Мегваер на лето ќе се пренеси не само во нов клуб, туку и во нова лига откако на негова адреса веќе пристигнале неколку интересни понуди од Серија А.

The Daily Mail пишува дека за неговите услуги се заинтересирани речиси сите италијански гиганти, со исклучок на шампионот Наполи. Станува збор за Интер, Милан, Рома и Јувентус.

Интер уште зимата пројави интерес за 30-годишниот англиски репрезентативец, откако стана јасно дека ќе остане без Милан Шкриниар, кој како слободен играч ќе се пресели во ПСЖ. Токму во Мегваер „Нераѕурите“ ја гледаат замената за одличниот Словак.

Милан планира да го засили тимот за наредната сезона да биде конкурентен за Скудетото, а еден од играчите кои би можеле да дојдат во Милано од Островот е токму Мегваер.

И Жозе Мурињо го сака Англичанецот во редовите на својата Рома. Специјалниот сака Мегавер и Крис Смолинг да бидат англиски водечки бедем во сезонава килавата одбрана на „Волчицата“.

Последен во низата заинтересирани калчолигаши е Јувентус. Имено, „Старата дама“ по разочарувачката сезона во која не освои ниту еден трофеј и воедно поради казната со одземање на бодови остана и без пласман во Лигата на шампионите, е решена наредната сезона да го брка Скудетото. Со пензионирањето на Леонардо Бонучи наредното лето, во одбраната се отвора место кое треба да го пополни токму Мегваер.

Дали воопшто ќе дојде до трансфер на Мегваер во Италија, останува летото да покаже. Во секој случај, според The Daily Mail, ниту еден од калчолигашите не е подготвен целосно да го откупи договорот на Мегваер од Јунајтед, туку да го донесе на позајмица за која би одвоил одредена ситна сума. Воедно проблем претставува и високата плата, па веројатно „Црвените ѓаволи“ и да го пратат на позајмица би биле приморани да му плаќаат дел од платата.

Мегваер во Јунајтед пристигна како огромно засилување летото 2019 година од редовите на Лестер и тогаш стана најкскап англиски дефанзивец откако клубот од Манчестер плати 87 милиони евра. Сезонава најчесто беше резерва, а одигра само 16 натпревари во Премиер лигата, 4 во ФА купот, 4 во Лига купот и 7 во Лига Европа.

Договорот со „Ѓаволите“ му е до јуни 2025 година, а моменталната вредност според реномираниот Transfermarkt му е 25 милиони евра.

реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Фудбал

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Read more

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Read more

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Read more

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе