Во антички храм во Египет откриени две џиновски сфинги од дедото на Тутанкамон

Египетски археолози пронајдоа две џиновски статуи на фараонот Аменхотеп III (или Аменофис III) кои првично биле долги 8 метри, пишува Live Science.

Изработени се за Аменофис III, фараон од 18 династија кој владеел околу 1390 година пред новата ера до 1353 година пред новата ера. Негов внук бил кралот Тутанкамон. Според соопштението на египетското Министерство за туризам и антиквитети, археолозите ги ископале сфингите во древната престолнина Теба, денешен Луксор, во храмот кој старите Египќани го нарекувале „Храм од милион години“.

Исто така, откриени се и урнатини од столбови и ѕидови украсени со церемонијални и ритуални сцени.

Статуите го покажуваат Аменофис III со широка огрлица и украс на главата.

„Во овој храм, пред да биде погоден од разорен земјотрес во 1200 година пред Христос, се наоѓале многу статуи и декорации на ѕидовите“, вели експертот Хуриг Сорозијан.

Археолозите пронашле и три прилично добро сочувани статуи на божицата Секмет која е прикажана со глава на лав.

„Новооткриените делови од ѕидниот релјеф покажуваат нови сцени од фестивалот Сед, кралска прослава која почнала да се практикува 30 години по почетокот на неговото владеење и која подоцна се одржувала на секои 3 години“, изјави Сорозијан.

Фестивалот Сед бил еден од најважните празници за старите Египќани.

„Приказите од овој фестивал го отсликуваат фараонот на неговиот престол во полна сила, со возбудена маса која го опкружува и го чека неговиот говор во кој ветува уште 30 години благосостојба и раскош. Во таа прилика кралот исто така нуди и жртва на боговите. Потоа, фараонот би трчал по патека низ дворот за да ја покаже својата физичка сила, објаснува египтологот Абдел Рахим Рихан.

Тагови
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе