Во август 349 Македонци побарале азил во ЕУ

Брисел, 12 октомври 2018 (МИА)- Во август 349 граѓани на Република Македонија побарале азил во земја од Европската Унија, а од нив една третина се повторни барања откако еднаш биле одбиени, покажуваат последните бројки на Европската канцеларија за азил (ЕАСО).

Во исчекување на одговор од властите чекаат 919 лица од Македонија. Во јули бројката на барања од Македонија била 351, а во октомври 2017 - 505.

Граѓаните од Србија, Македонија и Таџикистан се рекордери по бројот на повторни барања за азил, што, според ЕАСО, покажува дека овие лица се долгорочно присутни во системите на азил на земјите членки на ЕУ.

Македонците со еден отсто и Молдавците со нула отсто имаат најниска стапка на одобрување на барањата на азил, по нив следуваат Грузија и Гана со два отсто.

Општо земено во ЕУ во август имало 48 илјади барања за азил, што претставува пад од осум илјади. Стапката на одобрување на барањата е 33 отсто. Лицата од Сирија, Јемен, Етитреа и Палестина имаат најголеми шанси да бидат одобрени.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе