Руските уметнички лизгачи и тренери Јевгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на American Airlines кој се урна во близина на националниот аеродром „Роналд Реган“ кај Вашингтон, јави руската државна новинска агенција ТАСС.
Шишкова и Наумов, кои се во брак од 1995 година, ја освоија светската титула во уметничко лизгање во 1994 година.
Регионалниот патнички авион на American Airlines се судри во воздух со хеликоптер Black Hawk на американската армија во близина на националниот аеродром „Роналд Реган“ кај Вашингтон во средата вечерта по американско време, по што патничкиот авион се урна во реката Потомак.