Во Австралија војската ќе проверува почитување мерки за самоизолација

Австралиската сојузна држава Викторија соопшти дека ќе ја ангажира војската за да проверува дали луѓето ги почитуваат пропишаните мерки за самоизолација заради COVID-19. Властите нагласија дека секој кој ќе ги прекрши тие правила ќе биде казнет со големи парични казни.

Во Викторија, втората најнаселена држава во Австралија, во изминатите 24 часа се регистрирани 439 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, а 11 лица починаа.

Претходно, Викторија воведе полициски час во текот на ноќта, го ограничи секојдневното движење на луѓето и нареди затворање на голем дел од локалната економија со цел да се забави ширењето на вирусот.

– Меѓутоа, при проверка на усогласеноста со мерките за изолација, полицијата не најде речиси третина од заразените со COVID-19 дома, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрју и најави остри парични казни.

Тој рече дека оваа недела ќе бидат распоредени 500 војници во Викторија, кои ќе го следат почитувањето на правилата за самоизолација, а казните за оние кои не го почитуваат тоа ќе бидат скоро пет илјади австралиски долари.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе