Во Белград отворени Денови на Македонската култура со првата театарска престава на македонците во Србија

Во Белград е отворена јубилејната 10 манифестација Денови на македонската култура „Допир на Македонија“ во рамки на која премиерно беше изведена театарската претстава „Ветер во тапетите“. Тоа е прва театарска претстава на македонската заедница во Србија реализирана во продукција на Здружението „Македониум“ и Форумот на младите Македонци во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Целта на манифестација Денови на македонската култура е промовирање и афирмирање на македонската култура, традицијата, јазикот и обичаите во главниот град на Србија. Со оглед на коронавирусот, годинава имавме ревидирана програма. Но, сепак успевме да ги застапиме сите жанрови на културата, и со нашите сонародници, Македонци во Белград и со нашите белградски пријатели, да ги споделиме нашите дострели во културата, изјави Елисаета Ивановиќ, потпретседател на Здружението на Македонците во Белград „Македониум“, организатор на оваа манифестација.

Претставата „Ветер во тапетите“ изведена во Народниот театар во Белград на сцената „Раша Плаовиќ“, е двојазична, на српски и на македонски јазик. Сценариото и режијата е на Зоран Митровиќ, млад белградски глумец со македонско потекло. Заедно со својот колега Немања Симиќ тие ја водат публиката низ возбудлива театарска двојазична авантура, исполнета со комични и сетни елементи, а сосема природно и спонтано се приклучува и самиот менталиет на обичниот човек, припадник на српската и македонската националност.

– Мотив за преставата беше да ги урнеме бариерите кои постојат меѓу народите, не само меѓу македонскиот и српскиот, туку меѓу сите народи на Балканот, кои постојано се ѕидаат, постојано ги правиме. Ние со оваа двојазична престава сакаме да пратиме една порака дека бариери не постојат и дека бариерите се длабоко во нас, изјави сценаристот, режисер и актер на престава, Зоран Митровиќ.

Манифестацијата „Допир на Македонија“ во Белград продолжува наредната недела со свечена академија посветена на Св. Кирил и Методиј, со омаж на поетесата Душица Илин Шеќеровска, изложба на слики на Елисавета Георгиева Јордановска и со Деновите на македонскиот современ филм.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе