Во Белград по 7. пат најголемиот гејмерски фестивал на Балканот

Наречен Games.con, најголемиот фестивал за гејминг и поп култура во регионот почнува на 25-ти овој месец во српската престолнина.

Доколку сакате игрици, серии, филмови и стрипови, дефинитивно треба да го посетите Белградскиот саем (Београдски сајам) на кој од 25 до 27 ноември ќе се одржи фестивалот Games.con.

Games.con е наменет за сите љубители на гејминг и поп културата, но и за сите оние кои сакаат да поиграат и добро да се забавуваат. Под паролата „levelovati se mora“ фестивалот веќе седма година по ред ќе ја собере на едно место комплетната индустрија на модерната забава. За време на трите дена, посетителите ги очекува гејминг, уметнички и натпреварувачки содржини, размрдување на мозокот и полно поклони.

Фановите на видео игриците ќе имаат шанса да дозната сѐ за новитетите во гејминг индустријата, да се пробаат во најновите игрици, но и да ги одмерат своите вештини на бројните е-спорт турнири. Игриците како „CS:GO“, „eFootball“, „FIFA“, „Brawl Stars“ и „Mortal Kombat“ се резервирани за оние со натпреварувачки дух, а победниците ги очекуваат вредни парични награди.

За сите уживатели на поп културата обезбедена е широка лепеза на најпопуларните манга стрипови, аниме и останати филмови, книги и серии од водечките светски франшизи, како и богата музичка програма.

Љубителите на технологијата ќе можат да уживаат во новитетите, а сите оние кои сакаат да играат ги очекува плејада друштвени игри и квизови, додека групите кои сакаат тимска забава ќе имаат шанса да се покажат во Escape room. Исто така, ќе се одржи и cosplay натпреварување, турнир во мечување и уште многу богати содржини.

Влезниците за Games.con може да се купат на самите благајни пред саемот. Еднодневната цена за билет изнесува 850 динари (445 денари), додека за тридневен билоет ќе треба да издвоите 1.500 од српската валута (783 денари).

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе