Градските власти во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината AstraZeneca за лицата на возраст под 60 години, повикувајќи се на нови податоци за сомневање за несакани ефекти, јави ДПА.
Претходно денеска, институтот Пол Ехрлих, медицинско регулаторно тело, соопшти дека е регистриран 31 случај на церебрална тромбоза за кои се сомневаат дека се случиле по аплицирање на вакцината AstraZeneca.
Девет од тие случаи резултирале со смрт на пациентите, соопшти институтот. Сите освен две се појавиле кај жени на возраст од 20 до 63 години.