Хроника

Во Битола обид за обљуба на 15-годишно девојче од роднина

18. мај 2018 - 15:11 | МИА

Скопје, 18 мај 2018 (МИА) -  Петнаесетгодишно девојче од Битола, во присуство на нејзината мајка, синоќа во СВР Битола во присуство пријавило дека Ѓ.Б. (46) од Битола, кој бил нивен подалечен роднина, се обидел да изврши други полови дејствија врз неа.

Според пријавата, Ѓ.Б. вчера околу 14:30 часот тој дошол во нивниот дом и ја повикал да појде со него да ѝ купи тренерки. Тргнале со такси возило кон Прилеп, но по кратко време излегле од возилото и продолжиле пеш. Кога застанале да одморат тој почнал да ја соблекува и да ја допира по телото, но таа го оттурнала и побегнала до главниот пат.

Возило кое поминувало ја однело во нејзиниот дом, по што го пријавила настанот, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.

Коментирај