Во пресрет на празниците Св. Трифун и Св. Валентин, националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, во салонот за промоции постави празнична изложба на книги.

Членови читатели и пријатели на библиотеката може да ги видат книгите и да се потсетат на повеќе наслови од македонски и странски автори кои пишувале на тема вино, љубов, традиција.
На празничната изложба изложени се книгите кои асоцираат на празникот Св. Трифун, односно „Вино, култура и традиција“ од авторот Мишо Христовски, „Леб и вино“ од Димитар Христов“, „Во виното е вистината“ од Милијана Павловска....како и книги кои организаторот ги посвети на празникот Св. Валентин, односно книгата „Добро утро, љубов!“ на авторката Милена Лунеска, „Време за љубов“ од Маја Стојковска, „Сѐ е љубов“ од Јована Хисмаер, „Еднаш одигравме љубов“ на Елена Конеска, потоа книгата „Не можеш да ми купиш љубов“ од Мари Форс, „Последното љубовно писмо“ од Џоџо Мојес...и други.
Празничната изложба ќе биде поставена и достапна на читателите до 20 февруари, информираа од НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола.