Во близина на Дубаи изгоре облакодер од 48 ката
Голем пожар изби во облакодер од 48 ката, во Шарјах близу Дубаи.
„Деветмина се лесно повредени и укажана им е прва помош“, соопшти Сами Хамис Ал Накби, директорот на Цивилна заштита.
Брзата интервенција на припадниците на Цивилната заштита и на полицијата спречи поголема катастрофа. Не е позната причината за пожарот, но се знае дека избил на десеттиот кат на облакодерот Abbco, околу 21 часот.
Пожарот е ставен под контрола.