Во Боливија раширено знаме од 200 километри, најдолго на светот
Знаме со сина боја во должина од 196 километри, беше раширено од страна на илјадници граѓани во Боливија во рамките на демонстрации по повод барањата на таа земја за пристап до море.
Боливиски функционери пренесуваат дека знамето на морнарницата на таа земја, кое го држеле луѓето по должина на патот, е најголемо или барем најдолго знаме на светот.
Знамето на морнарницата е во најголем дел со сина боја, но на едно место се наоѓа и црвена, жолта и зелена боја од знамето на државата Боливија.
Боливија во војната против Чиле која траеше од 1879 година до 1883 година, го загуби својот единствен излез на море.