Бројот на починати од последици од новиот коронавирус во Бразил вчера ја надмина бројката од 70.000, а во изминатите 24 часа во земјата починаа уште 1.214 луѓе.
Во најголемата јужноамериканска држава од последици од COVID-19 починаа вкупно 70.398 луѓе, а инфицирани се над 1,8 милиони луѓе.
Бразил со 212 милиони жители е на второ место по бројот на заразени лица, а на првото место е САД.
Со COVID-19 е заразен и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој тврди дека се чувствува „многу добро“. Тој се лекува со хидроксиклорокин.