Свет

Во Брисел 50.000 луѓе маршираа за поддршка на Пучдемон

7. декември 2017 - 16:01 | Макфакс

Речиси 50.000 луѓе учествуваа во Брисел на марш за поддршка на независноста на Каталонија и поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон.

Учесниците на маршот очекуваа и обраќање од Пучдемон и извикуваа „Пучдемон, претседател“.

Некои од присутните носеа и транспаренти со слика од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со натпис: „Демократија? Некои ја бранат само кога им одговара. Срам да им е“.

Недалеку од местото каде што се одржаа демонстрациите се наоѓа канцеларијата на заменик-претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, кој рекол дека атмосферата на истите е „многу позитивна“.

Тој истакна дека од гледна точка на Европската комисија нема да има промени во Каталонија.

Коментирај