Во Бугарија се преврте автобус со деца од Србија, најмалку 17 повредени

Автобус со регистарски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца, излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек при што има повредени.

На местото на настанот пристигнале возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила. Според првичните информации, најмалку 17 лица се повредени.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фолклорен фестивал во Несебар, јавија српски медиуми.

Две деца ќе бидат пренесени во болницата Пирогов во Софија. Во болницата во Стара Загора има 14 лица – двајца возрасни и 12 деца.

Две од децата се во тешка состојба. Едното сега е стабилизирано и е контактибилно, но ќе биде потребна операција. Во 9:00 часот детето ќе биде пренесено во Софија на детска хирургија, додека другото дете има трауматски шок и траума на горен екстремитет. Неговата состојба е малку влошена. Ќе се транспортира до „Пирогов“, соопшти министерот Асен Меџидиев.

На еден возрасен му е ампутиран екстремитет, изјави министерот за здравство.

Оние кои се во добра состојба со амбулантно возило ќе бидат пренесени на граница каде ќе бидат преземени од српска страна.

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар во текот на ноќта замина во Бугарија за да ги посети повредените и со бугарските колеги да разговара за понатамошните чекори во нивното лекување и дали е потребна дополнителна помош за повредените.

Во текот на ноќта на местото на несреќата пристигнаа главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговиот заменик Борислав Сарафов, кој е и директор на Националната истражна служба, за да се запознаат со текот на истрагата.

„За жал, имаме хронични проблеми и со патиштата и со ознаките на патиштата. Од обвинителството повеќепати ни е кажано дека имаме проблеми со возачите кои управуваат со моторни возила откако консумирале алкохол и дрога“, изјави тој.

Бугарските медиуми објавија снимки и фотографии од местото на несреќата.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Регион

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе