Во чест на Пеле: Дресовите на Бразил со три срца наместо ѕвезди

Управата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) предложи три од петте ѕвезди на бразилските дресови да бидат заменети со симболи на срце како почит за Пеле, пренесува германската новинска агенција DPA.

Легендарниот Бразилец, чие здравје во последните години се влоши, со националниот тим освои три титули свртски шампион на Мундијалите во Шведска 1958, Чиле 1962 и Мексико 1970 година. Токму затоа предлогот е првите три ѕвезди да бидат заменети со срца.

Бразилците имаат пет ѕвездички исцртани на дресовите над амблемот на ЦБФ (Бразилска фудбалска конфедерација), откако ја освоија титулата светски шампиони и во САД 1994 и во Јужна Кореја и Јапонија во 2002 година. Пеле ја одбележа историјата на бразилскиот фудбал со три титули, а Нејмар се израмни со него на врвот на листата на стрелци на првенството во Катар. Двајцата имаат постигнато по 77 голови.

Фудбалерите на Бразил беа поразени од Хрватска во четвртфиналето во Катар по изведување пенали. Појавувањето на „Селесау“ на Мундијалот доаѓа во момент кога 82-годишниот Пеле е во болница во родниот Саун Пауло, а бразилските медиуми, како што јави DPA, јавуваат дека неговата здравствена состојба полека се подобрува.

КОНМЕБОЛ, кој има за цел да го донесе Светското првенство во Јужна Америка во 2030 година на 100-годишнината од првиот Мундијал, сега предложи уште една промена на комплетот на ЦБФ, поради Пеле.

„Стотици луѓе се собраа на 'Дрвото на соништата' во Доха за да му оддадат почит на Пеле, единствениот играч во историјата на фудбалот кој освоил три мундијалски титули. Затоа КОНМЕБОЛ ѝ предлага на ЦБФ да замени три од петте ѕвезди што се појавуваат на градите бразилските играчи, со три срца, во знак на почит кон Пеле“, стои во соопштението на КОНМЕБОЛ.

URL

Во него се додава дека централниот фокус на настанот во Доха била и порака за охрабрување до легендите на бразилскиот фудбал.

„Ние сме на негова страна во овој натпревар што тој го игра. Вистинско време е повторно да му оддадеме почит и да му дадеме до знаење дека ќе живее во срцата на сите што го сакаат фудбалот. Нашата улога е да ги задржиме луѓето да го сакаат и да ја препознаваат неговата големина“, додаде Алехандро Домингес од Парагвај, претседател на КОНМЕБОЛ, пренесува STA.

URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе