Живот

Во чест на жените: Улица во Холандија го носи името на Бијонсе

9. август 2018 - 16:24 | К.З.

Улиците низ Холандија беа преименувани во акција на жени активистки, откако истражувањата покажаа дека дури 88% од улиците се именувани во чест на мажите.

Имиња на револуционерки, математичарки, писателки и музичарки се појавија на улиците низ Холандија како резултат на напорите на феминистичката група De Bovengrondse.

Движењето беше инспирирано од холандскиот весник De Correspondent, кој откри дека само 12% од сите улици Амстердам, Утрехт и Гронинген се именувани според жени. Дури и тие се имиња на божици или пак сопруги на популарни мажи.

„Имињата на улиците се поглед на тоа кого општеството смета дека треба да го почитува, па затоа решивме да ги промениме работите. Што ако многумина се чувствуваат подобро ако нивната улица носи име на жена?“, пишува на веб-страницата посветена на кампањата.

Помеѓу првите 12 имиња се најдоа оние на Ада Лавлејс, британска математичарка која го дизајнираше првиот алгоритам, Мари Ен Телеген, холандска револуционерка, и Бијонсе, американска пејачка која беше опишана од активистичката група како „една од иконите на нашето време“.

Улицата која го носи името на Бијонсе се наоѓа во Рокин, централна населба во Амстердам. Од денеска, Beyoncé Boulevard е улица во Холандија која можете да ја посетите.

Коментирај