Во Црна Гора исполнети условите за прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за да се прогласи крај на епидемијата на коронавирусот, изјави помошник директорот на Институтот за јавно здравје, Сенад Бегиќ.

Црна Гора ги помина двата инкубациски периода од 28 дена без нови случаи на заразени од вирусот COVID-19. 

– Постојат епидемиолошки услови за ИЈЗ да размислува да прогласи крај на епидемијата. Тоа е правно дефинирана процедура која вели дека епидемијата може да заврши кога ќе помине период на двојна инкубација. Периодот не е дефиниран со закон, тој е повеќе дефиниран со некои епидемиолошки правила. Две инкубации без нови случаи и навистина се исполнети условите за епидемијата да се одјави, рече Бегиќ за Радио телевизија Црна Гора.

Тој истакна дека на терен тоа не менува многу, бидејќи ризикот од заболувањето и натаму останува.

– Крајот на епидемијата речиси не значи ништо. Првиот бран е формално завршен, но мерките и наредбите на Министерството и препораките на ИЈЗ сè уште остануваат на сила. Тоа се физичко растојание, миење на рацете и употреба на маски. Во сите земји на ЕУ носењето маски е задолжително како и кај нас, односно на затворени, јавни места каде не може да се одржи физичко растојание од два метра. Дали ќе остане тоа така зависи од натамошниот тек на болеста, рече Бегиќ.

Во Црна Гора за време на пандемијата, на околу 620.000 жители имаше 324 заразени од вирусот, а двајца починати. 

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе