Во делчевската градинка изолирани тројца вработени и 12 деца по појавата на COVID-19

Тројца вработени во детската градинка „Весели Цветови“ во Делчево се изолирани, откако кај дел од персоналот е регистрирано присуство на вирусот COVID-19. Како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, станува збор за надворешни случаи, поради што се преземени сите мерки за спречување на ширење на заразата.

-Сакам да истакнам дека позитивните случаи кои што ги имаме во градинката, не доаѓаат од внатре. Значи тоа се надворешни случаи. Во меѓувреме излегоа наодите и на трите негувателки кои беа тестирани, останатиот персонал кој што беше тестиран меѓу кои и тројца вработени кои се исто така негативни. Сега за сега имаме еден готвач, еден помошник готвач, една негувателка и група од 12 дечиња, кои се изолирани, рече Симовска.

Симовска додаде дека работата на градинката продолжува, согласно сите протоколи кои ги налага ваквата ситуација.

-Во време на светска пандемија, предизвикот да раководиш со ваква установа е навистина преголем, заради што сакам да упатам јавна благодарност до сите мои вработени, до сите родители и до сите кои се вклучени во движењето на овој систем од предучилишно воспитание и образование. Никој не знае дали го носи вирусот и дали може да добие нешто од тоа, меѓутоа нека нема лоши работи и сите да бидеме живи и здрави, додаде Симовска.

Освен протоколите од Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заразни болести, во насока на поголема заштита од вирусот, градинката како што додаде директорката има изготвено и свои посебни протоколи, се со цел спречување на ширење на заразата од COVID-19.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе