Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека:
• Поради промена на затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф-80 мм на ул. „Александар Бујнов“ бр. 8 во населба Бутел, од 7:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Александар Бујнов“, „Душко Поповиќ“, „Пребондова“, „Томе Пуре“ и дел од ул. „Петар Манџуков“ во Општина Бутел;
• Поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100 мм на ул. „Ташко Караџа“ бр. 12 во населба Автокоманда, од 7:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Ташко Караџа“, „Трифун Хаџи Јанев“, „Христо Ботев“ и „Бапчор“ во Општина Гази Баба;
• Поради отстранување дефект во шахта на вентил од Ф-6/4цола, на ул. „Манапо“ бр. 5, од 8:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „Манапо“, „Струма“, „Пелистерска“, „Огражден“ и „Радика“ во Општина Карпош.