Во Дубаи промовиран идниот најбрз автомобил на светот

Ерата на супер-брзи автомобили веќе започна, и компаниите како Bugatti и Koenigsegg се натпреваруваат меѓу себе кој може да произведе автомобил кој ќе оди побрзо. Сега, се појави трета компанија која сака да им го украде приматот.

Откако неколку години навестуваше за такво нешто, автомобилската компанија Devel, со седиште во Дубаи, промовираше концепт за автомобилот Devel Sixteen, кој се стреми да биде најбрзиот автомобил во сериско производство.

Автомобилот беше претставен на публиката на Dubai International Motor Show 2017, саем за автомобили кој се одржува секоја година.

Креаторите на Delta Sixteen велат дека овој автомобил би требало да ја достигне брзината од 480 километри на час, што би било доволно за тој да стане најбрзиот автомобил во сериско производство.

Според челниците на компанијата, спецификациите на овој модел се многу подобри од оние на Bugatti Chiron или Koenigsegg Agera RS.

Компанијата би требало да го издаде серискиот модел од овој автомобил за 12 до 18 месеци од сега, откако ќе заврши комплетното тестирање на моделот.

Најголемиот проблем на компанијата им претставуваат гумите, кои покажуваат знаци на слабост кога автомобилот постигнува големи брзини.

„Засега имаме мали проблеми со гумите, но тоа е само поради фактот што не ги пронајдовме вистинските гуми за овој автомобил. Кога ќе ги пронајдеме вистинските, нема да има никаков проблем нашиот Sixteen да постигне брзина од 480 км/ч“, вели Рашид Ал Атари, девелопер во Devel.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе