Во две мали куќарки на остров живее идиличен живот
Кога во 2017 година семејството на Тим Дејвидсон му рекло дека за два месеца треба да ја напушти нивната викендичка на Флорида која ја користел како свој дом, решил да купи една премала подвижна куќарка наречена „Тифани“ за 70 илјади долари, колку што можел тогаш да си дозволи.
Подоцна, кога финансиски се стабилизирал, налетал на оглас дека се продава мал остров за 200 илјади долари. Го купил, ја преселил „Тифани“, а изградил и нова, поголема куќарка, па сега живее во две преубаво уредени куќарки.