Во еден животен век внесуваме 20 килограми микропластика во телото

Во човечкото тело има одредена количина микропластика која се внесува со помош на водата што ја пиеме, но и преку храната која ја консумираме.

Според најновите сознанија, секоја недела внесуваме 2.000 ситни парчиња пластика. Тоа е околу 5 грама, што е еднакво на едно пластично капаче.

Оваа количина најмногу се внесува преку користење чаши, филџани, сол и пиво. Месечно внесуваме 21 грам пластика, а годишно – 250 грама, а тоа сериозно ги загрижува научниците.

„Сè што овој миг знаеме е дека внесуваме премногу пластика и дека тоа е токсично за нашето тело. Тоа е доволна причина за загриженост“, изјави д-р Тава Паланисами од Универзитетот на Њукасл, Австралија, којшто работеше на научниот труд.

Пластиката не се разградува, таа само се распаѓа на помали парчиња, па завршува и во синџирот на исхрана.

Ако просечниот животен век е 79 години, за тој период човек внесува 20 килограми микропластика во својот организам, што е еднакво на две полни канти за ѓубре.

Генералниот директор на Светската организација за заштита на природата, Марко Ламбертини смета дека овие наоди би требало да се послужи како повик за будење на владите ширум светот.

„Не само што пластиката ги загадува нашите океани и другите водни површини и го убива морскиот свет, неа ја има и во самите нас и не можеме да го избегнеме внесувањето пластика“, рече Ламбертини, додавајќи дека е итно и неопходно да се преземат мерки за борба против оваа криза на глобално ниво.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе