Во Египет откриен праисториски кит со четири нозе

МИА / КАЈГАНА
/ 17.09.2021 / 20:31

Египетски научници прочуваат фосил од праисториски кит, познат како полуводен кит, бидејќи живеел и на копно и во море. Има одлики на ловец и тоа, според наодите, го истакнува меѓу другите фосили на китови.

„Ова е првпат во историјата на египетската палеонтологија за 'рбетници, египетски тим да води евиденција за нов род и вид китови со четири нозе“, рече предводникот на тимот палеонтолози, Хешам Салам.

Тој истакна дека фосилот на четириножниот праисториски кит е од претходно непознат вид. Се верува дека суштеството е предок на современиот кит. Новооткриеното суштество припаѓа на семејство изумрени полуводни китови кои живееле пред 59 до 34 милиони години. Фосилот прв пат беше пронајден од тим египетски екологисти во 2008 година во западната пустинска област на земјата, која во праисторијата била морска област.

„Ова е уште еден нов вид ран кит од времето кога тие имале четири функционални екстремитети“, вели стручњакот за еволутивна историја на цицачите, Џонатан Гајслер од Њујоршкиот технолошки институт.

Најстарите фосилни китови се стари околу 50 милиони години и потекнуваат од подрачјето на денешен Пакистан и Индија.

Китот е именуван како Фиомикетус Анубис, во чест на богот на смртта во древниот Египет.

Според истражувачите, новиот вид се истакнува со издолжен череп, што посочува дека бил месојад што можел да го фати и џвака својот плен. Китот бил долг околу три метри и тежок околу 600 килограми.

„Откритието следи по четиригодишната соработка помеѓу египетските палеонтолози и американски научници“, додаде Салам.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе