Во Египет пронајдена мумија прекриена со злато

МИА / КАЈГАНА
/ 27.01.2023 / 14:57

Египетски археолози соопштија дека е пронајдена мумија со златни лисја на себе, затворена во саркофаг којшто не е отворен 4.300 години. Се работи за посмртни останки на човек по име Хекашепес, и се смета за едно од најстарите скоро целосни невладетелски тела откриени во Египет.

Мумијата е откриена во окно длабоко 15 метри, на антички гробишта јужно од Каиро - во Сакара, каде што се пронајдени уште три гробници. А, едниот гроб му припаѓал на Чуварот на тајните… Тој е именуван Мери - висок функционер во државата кој ја добил таа титула која му дозволувала да врши посебни верски обреди.

Се верува дека најголемата од мумиите откриени на овие древни гробишта е извесен Хнумџедеф - свештеник, инспектор и надгледник на благородниците. А пак, во четвртиот гроб бил погребан судија и писател по име Фетек. Тука е откриена збирка од она што се верува дека се најголемите статуи кои некогаш се пронајдени во целата оваа област.

Ископани се и повеќе предмети, вклучително и ќерамика. Археологот Захи Хавас, поранешен министер за антиквитети на Египет, смета дека сите наоди датираат од околу XXV до XXII век п.н.е.

– Ова откритие е прилично важно, бидејќи ги поврзува владетелите со луѓето што живеат околу нив, изјави Али Абу Дешиш, друг археолог вклучен во ископувањата.

Сакара е некропола што содржи гробови кои се датираат во временски распон од над 3.000 години. Сместена во древниот египетски главен град Мемфис, таа е дом на повеќе од 12 пирамиди - вклучувајќи ја и Степенестата пирамида, во близина на местото каде што се пронајдени и новооткриените мумии. Подрачјето е прогласено е за светско наследство на УНЕСКО.

Египет со овие големи археолошки откритија последниве години, цели, меѓу другото - да го заживее и својот туризам.

реклама

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Read more

Вести

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Read more

Samsung „пука сеир“ на Apple

Read more

Зошто изумира пиратеријата?

Read more

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Read more
 

Гик

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Читај повеќе

Samsung „пука сеир“ на Apple

Читај повеќе

Зошто изумира пиратеријата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Читај повеќе

Ако имате некоја од овие апликации на вашиот телефон, веднаш избришете ја

Читај повеќе

„Глична“ ChatGPT

Читај повеќе

Microsoft намерно го забавува Windows

Читај повеќе
  • play_arrow

Пренослив Xbox доаѓа годинава

Читај повеќе

YouTube прави сè за да не ги блокирате рекламите

Читај повеќе