Во експлозијата во Бејрут загинаа повеќе од 100 луѓе, а околу 4.000 се повредени

МИА / КАЈГАНА
/ 05.08.2020 / 08:35

Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти.

Тој дел од градот е уништен, голем број згради се речиси целосно оштетени.

Според податоците на германскиот геонаучен центар ГФЗ, експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, а се слушнала и подалеку од Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот.

Либанскиот претседател Мишел Аун синоќа изјави дека е недозволиво 2.750 тони амониум нитрат, за кој се претпоставува дека е причина за експлозијата во Бејрут, да се чува шест години без никакви безбедносни мерки.

Аун на Twitter побара одговорните за овој пропуст да бидат „строго казнети“.

Абас Ибрахим, шеф на државната безбедност на Либан, претходно изјави дека експлозијата е предизвикана од високо експлозивен материјал одземен од брод пред некое време и складиран во пристаништето.

Премиерот на Либан, Хасан Дијаб синоќа изјави дека одговорните за големата експлозија во опасниот магацин во бејрутското пристаниште, ќе ја платат цената за тоа.

– Ветувам дека оваа катастрофа нема да помине без одговорност… Одговорните ќе ја платат цената, истакна Дијаб.

Тој додаде дека магацинот се наоѓа во пристаништето од 2014 година, но оти нема да зборува за тоа, бидејќи истрагата за причините за експлозијата се во тек.

Арапските медиуми објавија дека сопругата и ќерката на либанскиот премиер Дијаб, како и неколку негови советници, се повредени.

Врховниот либански совет за одбрана го прогласи градот Бејрут како област погодена од елементарна катастрофа и ѝ предложи на Владата денеска да воведе вонредна состојба во либанската престолнина, се наведува во соопштение од Советот.

Во меѓувреме, високи официјални претставници од многу земји понудија хуманитарна и каква било друга помош на Либан во решавањето на катастрофата, во период кога земјата се справува и со пандемијата на коронавирусот и со економска криза.

Израелските министри за одбрана и за надворешни работи, Бени Ганц и Габи Ашкенази изјавија дека Израел преку меѓународни безбедносни и дипломатски канали ѝ понудил медицинска и хуманитарна помош на либанската Влада.

Претходно, шефот на француската дипломатијата Жан-Ив ле Дријан на Twitter напиша дека „Франција секогаш е на страната на Либан и на либанскиот народ“.

URL

Тој истакна дека Франција е подготвена да пружи помош во зависност од потребите на либанските власти.

Исто така и Грција и Кипар понудија помош доколку е потребно и изразија жалење и сочувство до Владата на Либан.

Министерството за надворешни работи на Грција соопшти дека земјата „е подготвена да им помогне на либанските власти со сите средства што ги има на располагање“, додека, пак, претседателот на Кипар, Никос Анастасијадес, преку официјалниот Twitter профил изрази подготвеност за каква било неопходна помош.

URL

И иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф понуди помош за Либан.

– Нашите мисли и молитви се со големиот и силен народ на Либан, напиша Зариф на Twitter, додавајќи оти Иран „како и секогаш во целост е подготвен да ја пружи целата неопходната помош“.

URL
Тагови
реклама

Фитнес експерт до почетници во вежбањето: Учете од моите грешки

Read more

Паднаа Facebook и Instagram – дали забележавте проблеми?

Read more

Мажите во овие хороскопски знаци ќе ве разочараат во кревет

Read more

Ова се десетте најпаметни трансфери направени летово

Read more

Свет

Над 30 милиони луѓе низ светот заразени со коронавирусот

Read more

Навални номиниран за Нобелова награда за мир

Read more

Москва погодена од ураган

Read more

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Read more

Вести

Тешко повреден велосипедист во Скопје

Читај повеќе

Регистрирани 533 прекршоци за неносење маски

Читај повеќе

Ако епидемиолошката слика е стабилна, во ноември ќе се дозволи физичко присуство во училиштата

Читај повеќе

Над 30 милиони луѓе низ светот заразени со коронавирусот

Читај повеќе

За отворање на границите ќе се одлучува следната недела

Читај повеќе

Навални номиниран за Нобелова награда за мир

Читај повеќе

Оштетените штедачи од Еуростандард банка бараат закон за нивно обесштетување

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва погодена од ураган

Читај повеќе

Продолжува судењето за организаторите на 27 април, Талат Џафери повикан како сведок

Читај повеќе