Чек дис аут

Во Еквадор автобуските карти се плаќаат со пластични шишиња

27. август 2019 - 10:32 | М.С.

Грижата за околината во Еквадор се исплати, барем кога станува збор за јавниот превоз во Гвајакил, втор по големина град во јужноамериканската држава.

Во новиот проект за борба против загадување на воздухот и животната средина, патниците на јавниот превоз можат да плаќаат билети со пластични шишиња за рециклирање.

Во овој град најмногу се прави ѓубре. Неодамна е поставена специјална вендинг машина на главната автобуска станица. За секое шише добивате 2 центи, па со 15 шишиња можете да купите еден билет за автобусот.

Еден 76-годишен пензионер кој живее пред Гвајакил, за да стигне до центарот на градот, за такси плаќа 9 долари. Бидејќи новиот систем е ставен во употреба, тој реши еднаш неделно собира пластични шишиња од канти за отпадоци по улицата, за да купи карти.

Гвајакил произведува 4.200 тони отпад на ден, а само 14 проценти рециклира.

„Градот е полн со корупција и е валкан. Не е како порано“, рече тој за АФП.

Апаратите наскоро ќе ги постават и на автобуските постојки.

Коментирај