Во ФФМ нема коронавирус, претседателот и селекторот се негативни

Делегацијата на ФФМ која беше на конгресот на УЕФА во Амстердам е негативна на коронавирусот откако периодот од 14 дена го мина во самоизолација.

Претседателот Муамед Сејдини, селеторот Игор Ангеловски, потпретседателот Лазар Ракиџиев и портпаролот Златко Андоновски се сите негативни. Тие, по препорака на Институтот за јавно здравје, по враќањето од Холандија беа во самоизолација откако се востанови дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија и неговиот заменик, кои исто така беа дел од конгресот на УЕФА, се позитивни на коронавирусот.

„Првите луѓе на македонскиот фудбал по препорака од Институтот за Јавно здравје минаа неколку дена во изолација откако беше потврдено дека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија и неговиот заменик, кои исто така беа дел од Конгресот на УЕФА, се позитивни на коронавирусот SARS-CoV-2. Без симптоми на коронавирусот по враќањето од Амстердам се и селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и портпаролот, Златко Андоновски. Двајцата, по официјалната посета на тренинг центрите и сместувачките капацитети за ЕУРО 2020 во Холандија, пристигнаа во Скопје, ден подоцна од водечките луѓе на ФФМ“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на македонија.

Од ФФМ велат и дека согласно препораките на Владата, Куќа на фудбалот ќе работи со драстично намален капацитет,  односно само во исклучително потребни случаи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе