Бизнис

Во Германија има сѐ освен работници

20. ноември 2017 - 20:50 | А.С.

Германското стопанство оваа година ќе ја заокружи со силен раст, благодарение на солидната индустриска активност.

Сепак, домашните компании сѐ почесто се соочуваат со еден ист проблем: наоѓање работници за реализирање на примените нарачки, соопшти германската централна банка, Бундесбанка.

Оптимистичната оцена на Бундесбанка покажува дека најголемото стопанство во Европа успева да оддолее на влијанието на политичката пат-позиција по парламентарните избори во септември, што, како што се чини, продолжува бидејќи пропаднаа плановите на канцеларката Ангела Меркел да формира коалициона влада, оценува новинската агенција „Ројтерс“.

Силниот прилив на нарачки досега упатува на заклучок дека индустријата е главен двигател на економскиот раст.

„Поддржана од ‘бумот’ на индустриската активност, германското стопанство најверојатно ќе остане на патот на силна експанзија и во четвртиот квартал на 2017 година“, вели Бундесбанка во својот месечен ивештај.

Главна препрека за поголемо производство во иднина може да се покаже недостигот на работници, поебно во сектрот за градежништво и производство.

„Сѐ повеќе недостига квалификувана работна сила, што во иднина би можело да го ограничи продолжувањето на силниот раст на производството“, додава банката.

Коментирај