Во Гостивар досега едно лице позитивно на корона, тестирани 26 лица

Во поширокиот регион на Гостивар во трите околни општини има само еден случај на заболен од Covid-19. Лицето е згрижено во инфективното одделние во општата болница. Засега е со лесна клиничка слика. Под полициски надзор се 195 лица кои имаа препораки да бидат во самоизлоција. Во ОЈО Гостивар за непочитување на полицискиот час и мерките за заштита од ширење епидемија, до вчера, до надлежниот суд поднесени 10, а во текот на денот ќе бидат поднесени уште четири кривични пријави.

Ова се акцентите по состанокот на кризниот штаб кој се одржа денеска во салата на Советот на општина Гостивар.

Според претставникот на Центарот за јавно здравје, во Гостивар и околината биле тестирани вкупно 26 лица. Се очекува наскоро да биде отворен и пункт кој ќе работи преку системот „Мој термин“. Последните два сомнителни случаи на вчерашното тестирање биле негативни.

– За среќа имаме само еден потврден случај и состојбата е под контрола, но е многу сериозна. Општата оценка е дека мерките се почитуваат и граѓаните се придржуваат кон нив. Искажувам голема благодарност до медицинските лица кои деновиве работат напорно, рече градоначалникот Арбен Таравари по состанокот на кризниот штаб.

Од денеска, граѓаните на кои ќе им биде потребна дозвола за движење по 21 часот, по одобрувањето документот ќе може да го подигнат во канцеларијата на информативниот центар или да се јават на телефон 072 233 334.

Заклучок на штабот е да се забрани дистрибуција на продукти и средства како донации од здруженија или поединци.

– Со целосна почит кон сите хумани луѓе, но оваа форма на дејствување е надвор од пропишаните мерки. Исто така бараме да престане и производство на заштитни маски во неконтролирани услови и нивната дистрибуција. Наместо заштита може да се заразат повеќе граѓани, затоа што маските во домашна состојба се нестерилизирани, рече Таравари.

Тој ги повика граѓаните однапред да се консултираат со релевантните институции за каква било помош и да се стапи во конктакт со организацијата на Црвен Крст.

Во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ се воведени вонредни мерки, па така се примаат само итни случаи, а на влез се спроведуваат епдемиолошки анкети и мерење на температура. Сомнителните случаи ќе бидат упатени во инфективното одделение.

Низ Гостивар, екипи на комуналните претпријатија спроведуваат редовна дезинфекција на улиците и јавните површини, а во тек дезинфекција на заедничките простории на станбените згради.

Во текот на утрото и синоќа полицијата лишила од слобода четири лица на кои по целосно расчистување и документирање на случаите, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе