Во Грција потврдена мутација од Уганда на коронавирусот

Видот Lineage A.23.1/Uganda, односно мутацијата на коронавирусот од Уганда, е потврден во Грција, а зголемен е бројот на случаи од британската мутација, покажуваат податоците од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 487 анализирани позитивни случаи од периодот од 5 јануари до 18 февруари, потврдени се 242 мутации, од кои 226 се од британскиот вид (Β.1.1.7/UK lineage), 12 од јужноафриканскиот (LineageB.1.351/South Africa) и еден од Уганда (Lineage A.23.1/Uganda).

Во Грција има вкупно 990 случаи од британската мутација, од кои повеќе од половина се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Токму поради раширеноста на британската мутација, но и поради зголемениот број нови случаи во конкретната област, веројатно е дека ќе бидат продолжени рестриктивните мерки, односно строгиот карантин воведен на 11 февруари, што е во сила до недела.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на владината седница во средата, рече дека зголемувањето на случаите, особено во Атика, де факто ја оддалечува намерата за постепено отворање на 1 март.

Конечните одлуки за евентуалното продолжување на карантинот, ќе бидат соопштени попладнево на редовната прес-конференција, откако претходно надлежната комисија на епидемилози ќе достави соодветна препорака до грчката Влада.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе