Чек дис аут

Во Ханој веќе се продава коронабургер

26. март 2020 - 21:05 | МИА

Во време на корона-криза, професионален готвач од Ханој, главниот град на Виетнам, се обидува да го подигне духот кај луѓето со новиот коронабургер.

– Има една шега - ако се плашиш од нешто, треба да го изедеш. Кога ќе гризнеш од сендвичот што личи на вирусот, повеќе нема да се плашиш од зараза. Така ги бодриме луѓето во време на пандемијата, вели шеф Хоан Тун, сопственик на пицеријата што се наоѓа во центарот на Ханој.

Бургерот се служи со листови од зелен чај, при што лепчето е во облик на вирус. Ресторанот продава околу 50 коронабургери на ден.

Коментирај