Во Индија короната се шири и помеѓу лавовите

Најмалку осум азиски лава се позитивни на коронавирусот во една зоолошка градина во Индија, државата која моментално е најпогодена од пандемијата.

Зоолошката градина „Нехру“ во градот Хидерабад во југоисточниот дел на земјата потврди дека дури осум лава го имаат вирусот. Тие покажувале симптоми како сува кашлица, течење на нос и загуба на апетитот, по што и им бил направен тест за COVID-19.

„Да, лавовите беа тестирани откако покажаа благи симптоми. До сега тие се добро и се активни“, изјавија од Зоо „Нехру“. Заразените се четири женки и четири мажјаци.

Се верува дека лавовите се заразиле поради контакт со луѓето кои се грижат за нив.

„Осумте лава се изолирани по што им е пружена неопходната грижа и нега. Сите осуммина добро реагираат на третманите и се опоравуваат. Веќе почнаа да се однесуваат нормално и добро да јадат“, објави индиското Министерство за животна средина, шуми и климатски промени.

Механизмот на пренос на вирусот од човек на животно сѐ уште е предмет на проучување бидејќи многу малку се знае на оваа тема.

Ситуацијата во Индија и натаму е крајно алармантна. Денеска се регистрирани 305.888 нови случаи, 2.654 починаа, додека активни случаи се 3.481.045.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Свет

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Read more

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Read more

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Read more

Макрон откри: Во случај на терористичка закана, имаме резервни планови за отворање на ЛОИ

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе