Свет

Во исто време кога гореше Нотр Дам: Пожар и во најпознатата џамија во Ерусалим

16. април 2019 - 12:10 | Б.С.Б.

Една од структурите на џамијата Ал-Акса во Ерусалим беше опожарена вчера вечерта, во исто време кога гореше и катедралата Нотр Дам, пренесува RT. Пожарот беше брзо изгаснат, без повредени. Џамијата важи за третото најсвето место за муслиманите.

На социјалните мрежи беа објавени видеа и фотографии од пожарот кој изби во соба на еден од чуварите. Поради брзата интервенција на пожарникарите не е причинета поголема материјална штета.

На снимките се гледа чад кој се издига над покривот на собата позната како Соломоновите штали. Причините за пожарот не се познати. По повод инцидентот се огласи и палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој предупреди дека никој не смее да го напаѓа ова свето место.

Коментирај