Во Италија запленети 14 тони амфетамини произведени од терористичката ИД

Италијанската полиција заплени рекордни 14 тони амфетамин наменет за европскиот пазар, чијашто улична вредност се проценува на една милијарда американски долари, а се претпоставува дека дрогата е произведена во Сирија од група поврзана со т.н. Исламска држава поради финансирање на нејзините екстремистички активности.

Полициските власти соопштија дека околу 85 милиони таблети амфетамин биле пронајдени во три бродски контејнери во пристаништето Салерно во јужна Италија, што е најголема заплена на оваа дрога досега во светот.

Полковникот на царинската полиција Доменико Наполитано за државното радио изјави дека истражителите веруваат дека дрогата била произведена од таканаречената ИД за финансирање на нејзините милитантни активности.

Тие претпоставуваат дека производството на амфетамин во Европа е попречено од пандемијата на коронавирус и дека дилерите на дрога, најверојатно, се обратиле до производителите во Сирија.

Полицијата соопшти дека во моментов се обидуваат да утврдат дали криминалниот клан Камора од Неапол нарачал голема пратка амфетамини за меѓународна дистрибуција, со оглед дека многу помала количина на таа дрога била запленета две недели претходно во пристаништето Салерно. 

Тагови
реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе