Во Јапонија, во градот Таиџи, почна годишното ловење на делфини, во тек на кое животните ги намамуваат во залив и некои ги убиваат во плитките води, а други ги бираат за продажба за аквариуми.
Овој лов е критикуван со децении наназад, особено со појавата на документарецот „The cove“. Невладината организација „Dolphin project“ соопшти дека денеска се убиени пет делфини.
Бројни невладини организации велат дека ловот на делфини е сурова акција.
Делфините можат да издржат надвор од вода само 30 минути.
Се очекува дека сезоната на лов на делфини ќе трае околу 6 месеци. Инаку, Јапонија уште во минатото е мета на напади заради ловот на китови.