Во Јапонија прв смртен случај од новиот корона вирус

Токио, 13 февруари 2020 (МИА) – Јапонија денеска го пријави првиот смртен случај предизвикан од корона вирусот.

– Поврзаноста помеѓу новиот корона вирус и смртта на 80-годишната жена засега не е утврдена. Се работи за прв смртен случај позитивен на вирусот, изјави јапонскиот министер за здравство Кацунобу Като.

Тој додаде дека позитивниот тест на новиот корона вирус е потврден по смртта на пациентката. Жената живеела во регионот Кабагава, јужно од Токио. Таа имала симптоми на болеста од 22 јануари, а била хоспитализирана на 1 февруари.

Во Јапонија се регистрирани 28 пациенти заразени со новиот вирус, од кои најмалку девет лица се вратиле од кинеската провинција Хубеи.

Претходно, јапонското Министерство за здравство соопшти дека уште 44 лица на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во близина на градот Јокохама, се заразени од новиот корона вирус наречен COVID-19. Со тоа бројот на заболени на бродот, на кој во карантин се наоѓаат повеќе од 3.500 патници и членови на екипажот, се зголеми на 218, од 713 лица колку што се досега тестирани.

Јапонските власти соопштија дека ќе им дозволат на некои повозрасни патници, кои биле негативни на тестот за корона вирус, да го напуштат бродот пред истекот на карантинот, 19 февруари. Министерот за здравство Кацунобу Като истакна дека тие ќе заминат од бродот уште утре, а останатото време за карантин ќе го продолжат на копно.

Според јапонските медиуми, околу 80 отсто од патниците се над 60-годишна возраст, 215 се на 80-годишна возраст, а 11 лица имаат по 90 години. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе