Во каква состојба е дизел со поминати 700.000 километри?

Половните автомобили со турбо дизел мотори на нашиот пазар се доста барани, најмногу поради помалата потрошувачка на гориво од бензинците со иста сила. Од друга страна, потенцијалните потрошувачи стравуваат дека одржувањето на дизелите со голема километража би можело да биде прескапо.

Додека во Европската Унија постарите возила со дизел мотори се на мета на критики поради големото загадување на воздухот, кај нас овие автомобили стануваат лоши само кога ќе дојде време за замена на потрошните делови или кога автомобилите почнуваат да се расипуваат поради големиот број на поминати километри.

Бидејќи на нашиот пазар пристигнуваат половни модели со дизел мотори кои поминале и повеќе од 200.000 километри, се поставува прашањето во каква состојба се тие возила и дали новиот сопственик го очекуваат големи трошоци поради поминатиот век на деловите, што би можело да ја анулира заштедата која ја носи помалата потрошувачка на гориво на таквите автомобили.

Британскиот портал „CarThrottle“ одлучи да испита во каква состојба е Škoda Octavia 1.9 TDI прва генерација со 90 коњски сили, која зад себе има, не 200.000, туку дури 695.000 поминати километри.

Од автомобил кој е стар околу 20 години и кој поминал толкав број на километри не може да се очекува да биде во совршена состојба, но сепак, во зависност од тоа како го одржувал претходниот сопственик, моторот и не мора да биде во потполно лоша состојба.

На крај, се покажало дека оваа Octavia е во сосема солидна состојба, кога ќе се земат сите фактори во предвид.

Овој автомобил и понатаму има оригинален турбо полнач, издувен систем и амортизери.

Моторот бил во одлична состојба, што иако можеби на прв поглед за автомбил кој има поминато речиси 700.000 километри претставува изненадување, сепак тоа доста зависи и од редовното и правилно одржување, односно замената на флуидите во пропишаните рокови и употребата на адекватно моторно масло препорачано од страна на произведувачот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Авто новости

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Read more

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Read more

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Read more
 

Автомобили

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Ford почна да прима нарачки за најмоќниот Mustang досега

Читај повеќе

Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина

Читај повеќе

Само што се појави, а новиот Alfa Romeo веќе мора да го смени името

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најпродаваниот модел на BMW добива наследник

Читај повеќе

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе