Во Хамбург претставен првиот целосно автоматизиран воз

Компанијата Siemens и германската железница Дојче Бан (Deutsche Bahn) го претставија првиот целосно автоматизиран воз во градот Хамбург.

Директорот на ДБ, Рихард Луц, рече дека автоматизираната пруга обезбедува подобра и посигурна услуга, сето тоа без ниту една милја нова шина.

Иако некои аеродроми ширум светот имаат автономни железнички шатлови на една шина, како и Париз кој поседува автономно метро, ​​новиот воз претставен во Хамбург е првиот целосно автоматизиран воз кој може безбедно да ја користи постоечката железничка инфраструктура заедно со стандардните возови управувани од екипаж.

URL

Siemens тврди дека новиот воз е поефикасен поради користењето на вештачка интелигенција, што овозможува строго следење на распоредот и исполнување зголемените барања поефикасно од човек. Четири автоматизирани возови ќе се користат во брзата градска железничка мрежа S-Bahn, а патниците ќе започнат со превоз во декември. Возот е развиен во проект за модернизација вреден 60 милиони евра.

Иако возовите ќе бидат целосно автоматизирани, сепак од безбедносни причини ќе биде присутен човек секогаш кога ќе се возат патници. Маневри како вртење ќе се изведуваат автоматски без потреба од човечко присуство.

URL

Siemens планира до крајот на оваа деценија да го дигитализира целиот систем S-Bahn во Хамбург, а автоматизирана технологија во иднина треба да се користи низ цела Германија. Железничкиот превоз е во подем бидејќи е почист и посигурен начин за патување. Железничкиот транспорт, во просек, генерира 80% помали емисии на километар во споредба со патниот транспорт.

реклама

Најдобри во зодијакот - и астролозите бираат да им се родат децата во овој знак

Read more

Дали треба да ја пиете водата што отстоила преку ноќ во чаша?

Read more

Како изгледаат снимки на белите дробови од вакциниран и невакциниран ковид пациент?

Read more

Јавноста незадоволна од статуата на покојниот пејач: Ако ова е Тоше...

Read more

Вести

Марс: По две недели тишина оживеаја роверите на НАСА

Read more

Руски сателит изгоре во атмосферата над САД

Read more

Направена 3Д реконструкција на лицата на египетски мумии стари 2000 години

Read more

Совршена машина за уништување: Американскиот М1 Abrams е најдобриот тенк во светот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Топ 10 видеоигри во ноември 2021

Читај повеќе

Марс: По две недели тишина оживеаја роверите на НАСА

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што треба да знаете за новиот MacBook Pro

Читај повеќе
  • play_arrow

Руски сателит изгоре во атмосферата над САД

Читај повеќе

Направена 3Д реконструкција на лицата на египетски мумии стари 2000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Крис Редфилд и Џил Валентајн од Resident Evil отсега и во Fortnite

Читај повеќе

Откриено зошто јајце-клетката е огромна во споредба со сперматозоидите

Читај повеќе
  • play_arrow

Трилогијата Grand Theft Auto доаѓа во ноември, погледнете го трејлерот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Совршена машина за уништување: Американскиот М1 Abrams е најдобриот тенк во светот

Читај повеќе