Во Кина првпат успешно клонирана арктичка волчица

Генeтичката компанија Sinogene, со седиште во Пекинг, Кина, синоќа објави вест за првиот успешно клониран див арктички волк-женка во светот. Видеопораката уследи 100 дена по нејзиното раѓање во лабораторија во кинеската покраина Лијаонинг. Научниците велат дека животното е „пионер во одгледувањето ретки и загрозени животни“ преку технологијата на клонирање.

„За да го спасиме загрозеното животно, ја почнавме истражувачката соработка со Harbin Polarland за клонирање на арктичкиот волк во 2020 година. По две години макотрпни напори, арктичкиот волк беше успешно клониран. Ова е прв случај од ваков вид во светот, изјави Ми Џидон, генерален директор на компанијата.

Раѓањето на првиот клониран див арктички волк во светот е пресвртница за применетата наука за клонирање. Тоа е од големо значење за зачувување на ретките и загрозени животни и биодиверзитетот, сметаат стручњаците.

Родена на 10 јуни, волчицата по име Маја е во добра здравствена состојба. Според Чао Џианпин, заменик генерален директор на компанијата, клонирањето е постигнато со конструирање на 137 нови ембриони од енуклеирани ооцити и соматички клетки, проследено со пренос на 85 ембриони во матката на седум женски кучиња бигл, од кои еден се оплоди и роди како здрава волчица - Маја.

Изборот на кучка како сурогат-мајка на Маја е направен затоа што кучињата имаат исто генетско потекло со волкот.

Меѓународната унија за зачувување на природата ги наведува арктичките волци како загрозени во Црвената листа загрозени видови. Природното живеалиште им е северното арктичко подрачје на Евроазија, Гренланд и Канада. Во Кина, се внесуваат од странство и се одгледуваат во зоолошки градини.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе