Во Кисела Вода утре започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад

Општина Кисела Вода од утре (сабота), 15 февруари, почнува голема акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад, која ќе трае 3 месеци, заклучно со 20 април. Истата се реализира во соработка со Министерството за животна средина, како дел од акцискиот план на Владата за почист воздух.

Акцијата ќе се одвива во текот на месеците февруари, март и април, во периодот од 15 до 20 во секој од овие месеци. За граѓаните ќе бидат обезбедени по две локации во секоја населба и населено место, каде што ќе можат да го изложат својот кабаст отпад, шут и електронски отпад.

Жителите на општината можат да се ослободат од стариот мебел, апарати, градежен шут, неисправни електронски уреди како фрижидери, телевизори, компјутери, клими, замрзнувачи и други отпадни предмети. Електронскиот отпад ќе биде соодветно третиран од страна на социјалното претпријатие „РЕДИ Рециклажа“, кое е лиценцирано за управување со неопасен отпад, што ќе овозможи негова еколошки одговорна обработка и спречување на штетни последици по животната средина. Собраниот електронски отпад безбедно ќе биде транспортиран во „Екоцентар 97“ на третман и понатаму на рециклирање.

„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат оваа можност и бесплатно да го одложат својот кабаст и електронски отпад на соодветните локации и во предвидените денови. Со оваа акција спречуваме создавање на диви депонии и го заштитуваме здравјето на жителите, бидејќи со неа обезбедуваме и безбедно складирање и транспортирање на отпадот, без ризик за животната средина и здравјето на луѓето. Истовремено, инспекциските служби ќе вршат редовни контроли и ќе го санкционираат секој што нема да го почитува предвидениот начин на одложување отпад. Дополнително, покрај оваа акција која ќе ја спроведеме заедно со Министерството за животна средина, како дел од акцискиот план на Владата за почист воздух, ние како локална самоуправа интензивно работиме на генерално чистење од комунален отпад на сите 15 населби и населени места во општината. Досега се собрани 25 тони отпад, а акцијата ќе продолжи сѐ додека не бидат опфатени сите месни и урбани заедници“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Локациите каде што ќе се изложува кабастиот отпад од 15-20 февруари се следните:

УЗ Пржино – ул. „Милан Мијалковиќ“ (зад УЗ Пржино) и ул. „Мариовска“ (покрај стовариштето на „Треска“)
УЗ Црниче – ул. „Наум Охридски“ (пред УЗ Црниче) и ул. „Ениџе Вардарска“ (наспроти кладилница „Копачка“)
УЗ 11-ти Октомври згради – ул. „Пушкинова“ бр. 4 и ул. „Михаил Чаков“ спроти УЗ 11 Окт. – згради
УЗ 11-ти Октомври бараки – зад „Космофон“ во делот покрај детско игралиште и ул. „Лазар Димитров“ кон Трим патека на вториот влез
УЗ Кисела Вода – ул. „Христо Татарчев“ бр. 72 (кај амбулантата) и ул. „14 Декември“ (кај подземните контејнери)
УЗ Расадник – ул. „1511“ (наспроти „Кватро Кафе“) и пред сала „Расадник“ зад паркот за миленици
УЗ Цветан Димов – ул. „Емил Зола“ бр. 7 и ул. „Георги Димитров“ зад економското училиште
УЗ Бирарија – ул. „Томе Арсовски“ наспроти парк „Бирарија“ и ул. „Фредерик Шопен“ зад училиштето „Кузман Јосифовски-Питу“
МЗ Пинтија – ул. „Јабланица“ (на местото Славија веднаш до МЗ Пинтија) и ул. „1513“ под делот на детска градинка
МЗ Усје – паркингот пред МЗ Усје и на влез во „УСЈЕ“ (десно до оградата на „Цементара-Усје“)
МЗ Припор – ул. „Христо Татарчев“ крак 14/159 и под објектот на МЗ Припор
МЗ Подстаница – ул. „Сердарот“ бр. 115 (кај фудбалско игралиште) и ул. „Сердарот“ бб (пред МЗ Подстаница)
МЗ село Драчево – ул. „Китка“ (слободниот простор покрај гимназијата) и ул. „Драчевска“ бр. 92 (пред стара пошта)
УЗ Бобан Трпков – нас. Драчево – ул. „Бранко Заревски“ (зад УЗ Населба Драчево) и ул. „Бранко Заревски“ бр. 17 (стакларска зграда)
МЗ Стаклара – ул. „1519“ (делот кај трансформаторот спроти продавницата) и ул. „1520“ (кај ширината пред почетокот на куќите)

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Македонија

Сончево и потопло време: максималната температура до 21 степен

Read more

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Read more

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Read more

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Read more
 

Вести

САД уништија голем дел од иранската морнарица, но не и клучната: Таа и понатаму го контролира Ормускиот Проток

Читај повеќе

Иран уапси 50 лица поради шпионажа за САД и Израел

Читај повеќе

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

Читај повеќе

Започнаа изборите што би можеле да ја потресат цела Европа

Читај повеќе

Велигденското примирје пропадна: Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за напади

Читај повеќе

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Читај повеќе

Пакистан: Ќе продолжиме да посредуваме

Читај повеќе
  • play_arrow

Венс: Не е постигнат договор, тие не сакаат да се откажат од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Иран: Барањата на Американците се неразумни, не брзаме никаде

Читај повеќе