Во книгата на Коен претседателот Трамп е опишан како расист кој се восхитувал од Путин

Во својата книга која излегува во продажба во вторник, Мајкл Коен, поранешен личен адвокат на претседателот на САД, меѓудругото раскажува и за воодушевеноста на Доналд Трамп од стилот на владеење на рускиот претседател Владимр Путин и за неговиот потценувачки однос кон малцинствата, посебно Афроамериканците.

Коен пишува дека причината зошто Трамп се восхитувал од Путин е „поедноставна отколку што сметаат многу критичари“. Според екс адвокатот на претседателот, Трамп бил воодушевен што Путин „ја презел цела земја и управува со неа како со своја лична компанија – во суштина исто како што Доналд Трамп управува со Trump Organization“. 

Според Коен, уште една причина за восхитот на Трамп од Путин – е љубовта на Трамп кон парите. Американскиот претседател го сметал дека рускиот пеетседател за најбогатиот човек во светот.  

Авторот укажува на веќе познатото тврдење за вмешаноста на Русија во изборите во 2016 година, кое всушност било засновано на взаемни интереси на Русите и Трамп, на штета на Хилари Клинтон, негова противкандидатка. 

Интересот на Трамп, пред сѐ, бил да изгради „Трамп“ кула во центарот на Москва и да му го подари најубавиот пентхаус на Путин, и со тоа да дојде до парите на руските олигарси. Сето тоа се правело на штета на американските „интереси, па макар тоа да било и вмашеност во изборите, предмет за кој Трамп ниту мува не го лазеше“, пишува Коен.

Тој наведува дека во 2016 година за време на кампањата, Трамп ги потценувал малцинствата, велејќи за нив „не се мои луѓе“. „Никогаш нема да го добијам гласот на Јужноамериканците. Како црнците, тие се преглупави да гласаат за Трамп“. 

Според книгата Трамп искажувал опсесивна омраза кон Барак Обама и сметал дека единствена причина за уписот на екс претседателот на САД на Универзитет Колумбија и завршениот Правен факултет на Харвард се „постапките поврзани со позитивната дискриминација“.  

Според Коен, претседателот на САД имал „ниско мислење за сиот црнечки народ“, тврдејќи дека Трамп еднаш за време на брборење за Обама кажал „покажи ми една земја раководена од црнец која не е валкано и неубаво место. Тие сите се како нужници“.

Книгата открива дека шефот на државата бил запознат дека ја потплаќа порно звездата Сторми Дениелс да молчи за нивните односи. 

Коен работел како адвокат на Трамп од 2007 година. Во 2018 тој е осуден на три години затвор поради избегнување уплата на даноци, нарушени правила за финансирање на предизборна кампања и финансиски малверзации. Моментално казната затвор му е заменета со куќен притвор поради пандемијата на коронавирус.  

Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани, во изјава синоќа ја нападна веродостојноста на авторството на Коен укажувајќи дека „Мајкл Коен е посрамотен прекршител со одземена адвокатска лиценца кој го лажеше Конгресот. Го изгубил целиот кредибилитет и овој негов последен обид да профитира од лаги не е за изненадување“, пишува The Washington Post.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе