Здравје

Во кои години сме најмногу изложени на стрес?

20. јули 2019 - 11:37 | Б.С.Б.

Научниците открија во кои години сме најмногу изложени на стрес.

Според резултатите, од полнолетството до 33-тата година сме најмногу изложени на стрес. По 33-тата година нивото на стрес се намалува. Исто така, жените се под поголем ментален притисок од мажите.

Истражувањето е спроведено од британското Здружение за управување со стрес. Според Американскиот институт за стрес, до 90 проценти од сите проблеми со здравјето се поврзани токму со стресот.

Стресот се смета за состојба во која една личност се наоѓа кога смета дека очекувањата во нејзиниот живот се над можностите што ги има на располагање. Со нарушување на рамнотежата доаѓа до последици со бројни здравствени проблеми, од физиолошка и психолошка природа.

Коментирај