Живот

Во кои хороскопски знаци се раѓаат најразгалените мажи?

11. јули 2019 - 16:23 | Б.С.Б.

Можеби на прв поглед не изгледа така, но мажите родени во овие хороскопски знаци се вистински мамини синчиња. За нив секогаш на прво место е мама, а потоа сè друго.

Мажите родените во овие знаци се вечни мамини синови:

Стрелец

Мажите Стрелци изгледаат многу кул, но веруваат дека кој било проблем што ќе им се случи ќе им го реши мама. Немојте да се зачудите ако од мажот Стрелец слушнете дека мајка му сè уште му ја пере облеката или дека доаѓа да му го исчисти станот.

Рак

Мажите Ракови се големи емотивци кои сè сфаќаат премногу лично. Тие нема да се засрамат ако заплачат пред вас, а доколку вие не им покажете поддршка или сочувство, за тоа ќе отидат кај мајка им.

Лав

Иако Лавовите важат за вистински фраери за кои никој не може ни да замисли дека се разгалени, кога подобро ќе ги запознаете ќе сфатите дека се вистински мамини синови. Тие многу сериозно ги сфаќаат советите од нивните мајки и секогаш им даваат предност. Премногу се заштитнички настроени кон мајките, па затоа немојте да ги провоцирате по тоа прашање.

Коментирај