Во која земја се јаде најмногу месо?

Консумирањето на месо на глобално ниво брзо се зголеми во изминативе 50 години, а најмногу месо на Земјата јадат Американците, Австралијците и Европејците, покажуваат податоците од Фондацијата за храна и земјоделие на ОН.

Производството на месо денес е поголемо за речиси пет пати во споредба со почетокот на 60-тите кога годишното производство изнесувало 70 милиони тони месо, што во 2017 година се зголеми на 330 милиони месо.

Најголема причина за оваа ситуација е што на Земјата има многу повеќе луѓе, а тоа значи и зголемена потрошувачка на храна.

Во периодотот од 1960 до 2017 година, светската популација е зголемена повеќе од двојно. Денес на Земјата се хранат повеќе од 7,6 милијарди луѓе, а пред 60 години имаше 3 милијарди луѓе.

Меѓутоа, зголемениот број на луѓе воопшто не е единствената причина за зголемување на обемот на консумација на месо. Луѓето ширум светот стануваат поимашни и повеќе јадат месо. Логично, во богатите земји повеќе се консумира месо.

На врвот на листата на најголеми светски потрошувачи на месо се Американците и Австралијците. Во овие земји просечниот човек јаде околу 100 килограми месо годишно, што е еднакво на 50 пилиња или половина крава, стои во податоците на ОН.

Во големи колични се јаде месо во западна Европа каде секој човек во просек јаде 80 до 90 килограми месо годишно. Македонија спаѓа во земјите каде во просек еден човек јаде 10 до 50 килограми месо годишно.

Во сиромашните земји, од друга страна, помалку се јаде месо. Така, на пример, еден Етиопјанец во просек јаде само седум килограми месо годишно, жител на Руанда осум килограми, а на Нигерија девет килограми месо годишно.

Ова е десет пати помалку отколку што годишно јаде еден просечен Европеец.

Меѓутоа, забележано е дека во одредени земји двојно се зголемила потрошувачката на месо, но сепак во сиромашните земји останала иста.

Кинезите во просек јадеа пет килограми месо по глава на жител годишно пред 50-тина години. Во 80-тите оваа количина се зголеми на 20 килограми месо годишно, а просечниот Кинез денес јаде повеќе од 60 килограми месо годишно. Слична е ситуацијата и во Бразил.

Иако јадењето месо во голема мера има поволности за човековото здравје, нутриционистите сепак сметаат дека во одредени земји претераното јадење месо не е добро за луѓето.

Истражувањата покажуваат дека прекумерното јадење црвено и преработено месо го зголемува ризикот од срцеви болести, мозочен удар и одредени видови рак.

Нутриционистите велат дека замената на говедското и свинското месо со пилешко може да биде огромен чекор напред за поздрав живот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе