Во Колорадо организиран најголемиот огномет во светот

Небото над Стимбоут Спрингс во Колорадо, САД, беше цело обоено во црвено, кога завчера вечер, во рамки на градскиот годишен зимски фестивал, е истрелан најголемиот огномет на светот.

Во спектаклот биле употребени 1.270 килограми пиротехнички средства. Тие со брзина од скоро 500 километри на час биле исфрлени 671 метар во воздух, по што се случила експлозијата. Проектот е на компанијата Steamboat Fireworks.

– Вложивме стотици часови во овој проект и сметаме дека месециве што следуваат ќе уживаме во плодовите на овој успех, рече раководителот на проектот и финансиер, Тим Борден.

Претставник на телото кое ја уредува Гинисовата книга на рекорди присуствуваше на настанот и им врачи сертификат за постигнат рекорд на Борден и тимот. Тие истакнаа дека веќе седум години се обидуваат да го урнат рекордот, па сега конечно успеале.

– Кога размислувате за физичките пропорции, за испраќање тон од што било во воздух, со цел експлозија, бара прилично многу осмислување, додава Борден.

Претходниот светски рекорд е поставен во Обединетите Арапски Емирати во 2018 година, при што беа употребени 1.087 килограми огномет.

реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе