Во Косово може да се патува само со лична карта

Од денеска, недела, се ефектуира спогодбата потпишана на почетокот на годината во Приштина, со која македонските граѓани може да патуваат во соседно Косово само со лична карта. 

„Одбележувањето на овој значаен настан за двете држави, јасно ја истакнува добро воспоставената и институционализирана билатерална соработка меѓу Република Македонија и Република Косово“, рече меѓудругото, во недлеа на ГП „Блаце“ заменик-министерот на МВР, Агим Нухиу по повод стапувањето на сила на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Република Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти.

На настанот присуствуваше и заменик-министерот за внатрешни работи на косовската полиција Валдет Хоџа.

„Поаѓајќи од принципите на меѓународното право и пријателските односи меѓу двете држави во насока на натамошно продлабочување на соработката, водени од желбата за олеснување на патувањето на државјаните на Република Македонија и Република Косово, водејќи сметка за традиционално блиските семејни и родниниски врски меѓу државјаните на двете земји особено и за потребите на често преминување на границата на лицата коишто живеат во пограничниот регион ја склучивме споменатата Спогодба на почетокот на годинава во Приштина, а денеска - 17 април 2016 година - истата се ефектуира“, рече Нухиу.

„Во време кога сите ние стоиме исправени пред многубројни предизвици од кои нашите државјани се директно засегнати, Република Македонија и Република Косово и натаму остануваат посветени на негување, развивање и продлабочување на меѓусебните врски, добрососедските односи, како и исполнување и промовирање на европските вредности“, рече заменик министерот Нухиу.

Инаку, со оваа спогодба идентично како и со веќе постоечките такви меѓудржавни акти со соседна Албанија, Србија, потоа со Црна Гора, државјаните на Република Македонија и на Република Косово ќе можат државната граница да ја минуваат и со лични карти.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе