„Да се биде само Албанец“ е мотото на движењето за откажување од исламската вера, формирано пред неколку дена во градот Дечани во Косово.

Ова движење го формираа околу 70 луѓе од разни земји каде што живеат Албанци и се собраа во Дечани за да ја испратат пораката „албанска вера за Албанија“.
Весел Лекај, еден од основачите, даде свое мислење за декларацијата на ова движење, како и дека околу 70 луѓе учествувале во основањето на ова движење во петокот, 20 октомври.
„На собирот во петок, 20.10.2023, група граѓани во Дечани ги собраа истомислениците од регионот и од Косово. Се изјаснија за екстремизмот и штетите кои особено ги нанесуваат различните сегменти на исламската вера и српското православие. Со едногласна изјава ние од денеска повеќе не сме муслимани“, рече Лекај.
Според Лекај, косовското општество е задушено од исламскиот екстремизам и дека, според него, тој треба да се отстрани и Албанците да се борат против „злото“ од мислите.
„Верата на Албанците е албанизмот, затоа што мислиме само албански, затоа што пред сè сме Албанци. Имаше порака за поддршка од дијаспората и волја за поддршка на иницијативата, да се пренесе католицизмот директно, во своите рани корени, односно во европскиот идентитет и култура“, додаде Лекај.
На новоформираното движење остро реагираше косовската лига на историчари, Али Хадри, обвинувајќи го за пропаганда против верата и ширење на омраза, нагласувајќи дека правото на верско определување е лично.