Во ковид-центрите има 160 слободни кревети, хоспитализирани 1.268 лица

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 843 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.286 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти вечерва Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид-центарот во Гостивар 61, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 17 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Од Министерството за здравство посочуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Од МЗ потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, како што соопштува, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе