Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 17 пациенти, вкупно се лекуваaт 360

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 360 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 12 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за уво нос и грло, на Очната клиника, на Клиниката за дерматологија и на Клиниката за нефрологија. Четворица болни се примени на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало четири нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника еден во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени седум оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.
Вкупно 360 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе